Со овај едноминутен спот, Киа го претставува својот нов модел Stinger како симбол на младешкиот оптимизам
За легендарниот пејач на групата Аеросмит, Стивен Тајлер не можеме баш да кажеме дека е млад, но благодарение на новиот видео запис на компанија Киа за Супер Боул, Тајлер ќе стане помлад, бришејќи ги сите траги на староста кои на него оставиле многу години на рокенрол живот.
Киа неодамна го претстави својот нов модел Stinger, кој го нарекуваат “најуспешниот модел во историјата на компанијата”. Со овај едноминутен спот, Киа го претставува својот нов модел, како симбол на младешкиот оптимизам, покажувајќи го Тајлер како повторно се враќа во својата младост, возејќи го нивниот автомобил.
Рекламата која ја изработи агенцијата David&Goliath е насловена “Feel something again“, а легендарниот рокер во него е на стара напуштена патека. Со рифови од познатата песна „Dream On“ на неговиот бенд, Тајлер седи зад воланот и изгледа дека ќе се трка против уште една легенда, двократниот шампион на Формула 1 и Индијанаполис 500, Емерсон Фитипалди.
Возејќи наназад, Тајлер ги „премотува“ годините, а кога ќе запре, излегува од автомобилот, онаков како што беше во почетокот на 1970-тите години, рок-ѕвезда на врвот на својата моќ, во моменти на најголема слава.
Спотот завршува со пораката “Почувствувај нешто повторно”.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=0YVbVXOjJv4
Дејвид Анџело, основач и претседател на агенцијата David&Goliath, по повод рекламата изјави: “По тестирање на возењето со Stinger и сите негови конкуренти, најголемата разлика беше дека Stinger ме натера да почувствувам нешто. Беше предизвик да се оживее тоа чувство на сосема неочекуван начин. Нешто како да возите наназад по должината на патеката, се` додека не стигнете до друга точка во времето. Го избравме Стивен Тајлер, бидејќи тој е како Stinger, бестрашен предизвикувач, со неуморен, безвременски дух. “