Новиот изглед на Фејсбук кој беше најавен уште минатата година, сега им е достапен на сите корисници. Новиот дизајн ќе има повеќе бели површини, но и dark mode.
Од Фејсбук велат дека новиот дизајн им овозможува на корисниците полесно да ги пронајдат секциите Видео, Игри и Групи. Новата десктоп страница доби бројни одлики на мобилната апликација, а исто така се вчитува побрзо отколку порано.
Нова опција е и изборот на dark mode, нешто слично на Twitter и Slack. Покрај тоа што изгледа убаво, страницата во dark mode ја намалува осветленоста на екранот, што има многу благ ефект врз очите на корисникот во случај на слаба осветленост. Исто така, овозможува подобра видливост на видеата на Фејсбук.
На корисниците ќе им биде полесно да креираат настан, страница, група и реклама. Овозможено е да се провери во реално време како ќе изгледа новата група што сакате да ја креирате, како и да видите како ќе изгледа на мобилните уреди пред да стане видлива за секого.
Фејсбук посочува дека новиот дизајн постепено ќе се менува, а бидејќи започна во саботата, постепено ќе стигнува до корисниците. Ако на некој не му се допаѓа новиот изглед, може да го задржи стариот со избирање на „Класичен Фејсбук“ во поставките, но тие ќе можат да го сторат тоа само во следните неколку месеци.