Германскиот бренд за спортска опрема Adidas лансираше нова кампања насочена кон младите спортисти, поставувајќи го прашањето: „Што ако играме како притисокот да не постои?“
Кампањата се состои од неколку видео спотови кои замислуваат што може да се случи кога ќе го отстраниме притисокот врз играчите и ќе направиме игрите да се насочени само кон забава. Секој филм прикажува млади спортисти кои го доживуваат спортот на еден поинаков начин, истовремено добивајќи мотивација од веќе докажани спортски ѕвезди.
Во првиот од спотовите, насловен “The 20 Foot Hoop”, се појавува НБА кошаркарот Ентони Едвардс кој на еден млад тим американски кошаркари им дава увид во притисоците со кои ќе се соочат на кошаркарскиот терен. Напнатоста се намалува кога Едвардс постигнува кош од речиси 7 метри.
Во спотот “The Football Triangle” се запознаваме со три тимови на млади фудбалерки под водство на инспиративната Катарина Макарио, истовремено добивајќи помош и мотивација од гостинските фудбалски ѕвезди Миа Фишел, Габриел Мартинели и Андреас Переира.
Во март ќе следува уште еден спот насловен “The Giant Court”, кој ќе се фокусира на тенисот.
Кампањата се реализира во соработка со агенциите PRETTYBIRD и The Midnight Club, а спотовите се режирани од страна на англиската режисерка Џес Кол.