Home » Во фокусот » Милена Квапил : Што е цаката со драмата во такси ?

Милена Квапил : Што е цаката со драмата во такси ?

Автор: Милена Квапил, Associate Creative Director во агенцијата „McCann Beograd”

Многумина не ги сакаат рекламите. Знаат да нервираат, агресивни се, ги прекинуваат филмовите, сериите, натпреварите, омилените песни на радио, излегуваат на екранот од компјутерот и мобилниот телефон во најнезгодни можни ситуации.

И тогаш се појавува реклама која луѓето ја гледаат со уживање, се смеат, самите ја споделуваат по своите социјални мрежи, ја покажуваат на родителите, ги цитираат репликите итн..

Во што е цаката?

Можеби во тоа што никој никого не го тера под итно нешто да купи или инаку ќе биде дебел, болен, гладен, жеден, грд, непривлечен или едноставно кажано “out“.

Можеби во тоа што не се открива дупка во саксија со нов, никогаш виден, неверојатен, шокантен и апсолутно неопходен производ или услуга.

Можеби во тоа што во рекламата нема измислен, хипер-идеализиран, недостижен свет во кој сите се преубави, претенки, пренасмеани, имаат прегенијален автомобил, станови, прекрасни гаџети, секогаш е сончево (со lens-flare секако) и со позадинска музичка тема.

Можеби во тоа што не се зборува со измислен јазик на невешто преведени странски фрази кои дури ни на оргиналниот јазик баш и немаат некоја смисла..

Можеби во тоа што се е навистина стварно..

Можеби во тоа што основните идеи за приказни се смислени од исклучителни копирајтери – Вилијам Шекспир и Фјодор Достоевски.

Можеби затоа што обични граѓани “глумат“ обични граѓани.

Можеби затоа што главните глумци во рекламите навистина многу ја сакаат работата која ја работат и всушност ја рекламираат.

Можеби затоа што се рекламира театар, нешто што сите “као“ го почитуваме и сакаме, а реално обично го забораваме, не наоѓаме време, имамо многу работа……а треба да му се вратиме  и , пак, повторно или по прв пат , да му дадеме шанса да не освои.

Ако мене ме прашувате, межеби сето ова.

Но супер е што пробавме и ,се чини по реакцијата на јавноста, успеавме.

И да, има секако и они на кои оваа кампања “баш“ и не им се сфиѓа.

Така да……Дефинитивно успеавме !

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365