Home » Во фокусот » Што откри за маркетерите овогодинешното издание на конференција ‘’Consumer Electronics Show’’ (CES) ?

Што откри за маркетерите овогодинешното издание на конференција ‘’Consumer Electronics Show’’ (CES) ?

Овогодинешната технолошко-футуристичка конференција Consumer Electronics Show одржана во Las Vegas  минатата недела можеме да истакнеме дека генерално е доживеана…. како една од најчудните конференции до сега.

Оваа година CES понуди бројни технолошки иновации помеѓу кои се пронајдоа бројни невообичаени иновациски решенија. Од ‘’паметна долна облека’’, ‘’паметни фармерки’’, напредни четки за коса, робот кој притиска копчиња наместо неговиот корисник и бројни други невообичаени технолошки решенија за корисниците. Од оваа конференција зборот “Интернет на нештата” веќе јасно е дека не е само звучен збор кој ќе го читаме и слушаме туку и нешто повеќе.


Сензори
Фармерки кои вибрираат и четки за коса кои знаат што и е потребно на вашата коса по звукот од чешлањето на нејзините прмени, се чудни иновации но секоја од нив презентира нов пристап кон добивање на нови ‘’паметни предмети’’ во нашето секојдневно окружување со користење на технологија која користи сензори.Колку повеќе производи се поврзуваат со Интернет, сензорите кои ја овозможуваат ваквата врска стануваат нов канал до преносот на податоци кој е на располагање на денешните компании.
Зголемената застапеност на сензорите донесува и предвидувања за нивно проширување во полето на податочната економија која во моментот ја контролираат техничките гиганти како Amazon, Facebook, and Google.
Не е сеуште јасно дали и самите компании ќе имаат директен пристап до податоците, но во секој случај начинот на кој ќе се добиваат најразлични податоци ќе стане многу интересен во месеците кои следуваат.

Alexa

Популарниот виртуелен асистент на Amazon – Alexa беше интегриран во повеќето нови IoT направи презентирани на CES. Новата генерација на паметни телефони на Huawei е надополнета со виртуелниот асистент прилагоден за новиот тренд на виртуелни асистенти кои се подостапни ќе бидат на нашите паметни телефони во периодот кој следува.
Alexa исто така ќе се појави и на новите паметни ТВ приемници, таблата со команди на автономните возила како и многу други направи наменети за домот.
Времето ќе покаже дали ќе се појават и одредени грижи поврзани со сигурноста и безбедноста особено во случајот на автономните возила, со оглед на тоа што виртуелниот асистент ќе стане голем дел и од полето на авто-индустријата, а Alexa е само еден од постоечките бројни виртуелни асистенти.
Се побројни се виртуелните асистенти кои се забрзано се појавуваат во поголем број и во најразлични формати и намени за да ги олеснат задачите во нашиот дигитален живот. Овој тренд секако дека ќе земе свој удел вомаркетинг стратегиите за идниот период.

Постоечки трендови
Звучи како непишано правило дека постоечката технологија ќе остане на пазарот. Новите технолошки изуми прикажани на оваа конференција и немаат некоја поголема конкуренција засега. Потрошувачите денес се во потрага по креативност, сакаат да се поврзани со секого и се околу нив.

Поврзаноста без разлика дали е предност за некои или не, ќе остане најголемиот тренд кој ќе влијае на маркетингот во 2017 година.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365