Веројатно таа беше најпопуларната игра на мобилните телефони во историјата.
Изгледаше дека цел свет брка покемони, неколкумина дури и ги загубија животите. Меѓутоа, на списокот на најпродавани апликации, после кулминацијата во месец јули, популарноста драстично ѝ опадна, а компанијата производител, Ниантик, која ја разви играта, не прави ништо за да ја поправи ситуацијата.
На крајот на месец јули, за време на најголемото „покемон лудило“, заработуваше 10 милиони долари на ден, а тој профит беше создаван од нови играчи на пазарот. На почетокот на август имаа преку 100 милиони инсталации на мобилните телефони. На својот инвеститор, јапонската компанија Нинтендо, ѝ додадоа 7,5 милијарди долари пазарна вредност само за еден ден.
Играта која ветуваше толку многу и која успеа да анимира милиони луѓе, денес веќе не е интересна, а причината за ова ја резимираше корисникот на сајтот Редит:
1. Изгубија многу играчи. Не се знае точно колку, но се шпекулира со бројка од 90 проценти.
2. После првите месец-два, повеќето играчи веќе имаа реализирано сè што им беше потребно, па и мотивацијата за „ловење“ им опадна.
3. Бесплатните мамки исчезнаа, па и „хотспотовите“ погинаа.
4. Без апликации за трагање од трети компании, самиот стремеж за истражување опадна.
Недостатокот на предизвици е само еден од проблемите. На почетокот на играта, беше сосема лесно да се соберат. Со нивна помош, локациите во реалниот свет кои беа одредени како „покестопи“ се претвораа во популарни одредишта кои привлекуваа покемони, па со тоа и гејмерите полесно ги ловеа. Но, на повисоките нивоа од играта, наградата во форма на бесплатни “мамки“ беше сè поретка, а кога е помал бројот на луѓе со мамки, тогаш се губи социјалниот аспект на играта.
Поголемиот проблем се однесува на бројните апликации за трагање од трети компании. Во јули, централна карактеристика на играта беше способноста да се следат и да се пронајдат покемони. На дисплејот се појавуваше број кој означуваше колку чекори се оддалечени покемоните од локацијата на играчот, слично како во играта „топло-ладно“. Меѓутоа, во Ниантик одлучија да ја исклучат таа можност.
Бројните дополнителни апликации кои служеа за потрага и нудеа мапи кои овозможуваа лоцирање на покемони, исто така исчезнаа.
Ниантик потроши многу време и ресурси да ги укине, на големо незадоволство на фановите и авторите на тие апликации.