Home » Во фокусот » Стресот “ги јаде“маркетерите на големо (инфографик)

Стресот “ги јаде“маркетерите на големо (инфографик)

Уште една потврда за нешто што го знаеме и секојдневно го чуствуваме. Стресот не јаде. И тоа на големо. 

Ходниците, кабините и конференциските сали на модерниот маркетинг денеска изгледаат повеќе од било кога како шпоретни кои “не печат“, смета секој еден од четири испитаници кои одговорил дека редовно осеќа дека е “под прикриен стрес“ или дури и деа е “под максимален стрес“ додека е на работа.

Информацијата која ја пренесува AdWeek доаѓа од новото истражување на Wordfront , производител на софтвер за управување со проекти од Јута, САД, кој неодамна акнетираше повеќе од 500 професионалци од маркетинг индустријата како би го проценил нивниото ниво на стрес и да утврди кои фактори најмногу придонесуваат за нивната анксиозност.

Покрај тие 25% маркетери кои велат дека се под голем стрес, дополнителни 72% од испитаниците навеле дека се осеќа барем некакво ниво на напнатост во нивната канцеларија. “Тие броеви се понегативни отколку што очекував“, признава Joe Staples, CMO во Workfront.

Неверојатни 80% од испитаниците рекле дека се осеќаат преоптеретено и дена немаат доволно луѓе. Работата пати поради тоа, па 36% од испитаниците велат дека каснењето е со одобрување од менаџментот, што пак предизвикува пробивање на роковите најмалку два пати седмично .

Според ова истражување, раководните тимови осеќаат најмногу стрес, потоа се креативно-услужните оделенија, вработените за операци и настани, единиците за дигитален маркетинг и ПР / комуникацискиот тим. Staples смета дека погорните менаџери пријавуваат поголемо ниво на анксиозност бидејќи се фокуирани на повеќе различни, динамични елементи од работењето, почнувајќи од брендинот и создавањето содржини па се до продажбата и задоволството на потрошувачите. Спротивно од тоа, тимовите во ПР и комуникации осеќаат релативно помалку стрес бидејќи “работата им е многу повеќе фокусирана“,вели Staples.

Интересно, 84% од испитаниците рекли дека не жалат за тоа што избрале маркетинг како кариера, без обзир на често макотрпната работа. “Убавите делови од работата имаат тенденција да привлечат луѓе кои понекогаш се возбудени од тие стресни опкружувања….тука е адреналинот и се што оди со него“.

Во продолжение погледнете го инфографикот од истражувањето:

workfront_stresseatsworkplace_infographic_2015

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365