Home » Во фокусот » Стручните здруженија за пазарно комуницирање препорачуваат: огласувачите да повикуваат најмногу 4 маркетинг агенции на питчовите

Стручните здруженија за пазарно комуницирање препорачуваат: огласувачите да повикуваат најмногу 4 маркетинг агенции на питчовите

Препораката се однесува на завршната фаза на повиците за учество на конкурс која бара значителен финансиски ангажман, како и ангажирање на човечки ресурси.

Скопје,Белград, Љубљана, Загреб, 10.10.2016Огласувачите да повикуваат најмногу 4 агенции на конкурсите за избор на маркетинг агенција за нивните проекти. Оваа препорака на Светското здружение на огласувачи (WFA) и на Европското здружение на агенции за пазарно комуницирање (EACA) ја поддржаа и стручните здруженија од секторот за пазарно комуницирање на Македонија, Хрватска, Словенија и Србија. Во препораката е наведено дека најприкладно е да се повикаат три агенции плус една со која огласувачот соработува во моментот.

Македонска Асоцијација на Агенции за Маркетинг

Македонска Асоцијација на Агенции за Маркетинг

Важно е да се истакне дека препораката 3+1 агенција се однесува на завршната фаза на повиците за учество на конкурс која бара значителен финансиски ангажман, како и ангажирање на човечки ресурси. Во претходните фази на конкурсите стручните здруженија се залагаат за повикување онолку агенции колку што самите клиенти ќе одредат, на пример во првата фаза каде што се сугерира анализа и преглед на состојбата на агенцискиот пазар, запознавањето со агенцијата, нејзините тимови и работа, како и кога се очекуваат приближните финансиски понуди. Ако во завршната фаза од конкурсот се повикуваат поголем број агенции, изборот на огласувачот може да биде сложен и тежок, а трошокот за конкурсот значително поголем.

За повикување 3+1 агенција на конкурсите се залагаат Светското здружение на огласувачи (WFA) и Европското здружение на агенции за пазарно комуницирање (EACA) поради што препораката важи на ниво на цела Европа. Препораката ја поддржуваат и промовираат и професионалните стручни здруженија од Македонија, Хрватска, Словенија и Србија, односно Македонската асоцијација на агенции за маркетинг (MAAM), Хрватското здружение на агенции за пазарно комуницирање (HURA), Словенечката огласувачка комора (SOZ) и Здружението за пазарни комуникации на Србија (UEPS).

Од таа причина, унапредувањето на натпреварувачкиот процес и повикувањето на максимално 3+1 агенција на конкурсите ќе биде тема на панел-дискусиите на годинашното 23. издание на меѓународниот фестивал на креативност „Голден драм“ (Golden drum) во Љубљана. Панелот со назив “The competitive pitch: Table for four, and nobody more” ќе се одржи на 20.10 (четврток) во 17 часот, а на него ќе учествуваат Сашо Пешев, претседател на MAAM, Давор Брукета (HURA), Дејан Недиќ (UEPS), Шпела Облак (SOZ) и Сенад Заимовиќ (БиХ).

Насоките за успешно спроведување на препораката за конкурсите се развиени со цел да се подобри натпреварувачкиот процес и да се обезбедат уште поквалитетни услуги за огласувачите. Тие се потпираат на меѓународната пракса содржана во документот “WFA EACA Pitch Guidelines” која е усогласена меѓу огласувачите во склоп на Светското здружение на огласувачи (WFA) и маркетинг-агенции во склоп на Европското здружение на агенции за пазарно комуницирање (EACA). Насоките се достапни за преземање на линкот http://hura.hr/publikacije/smjernice-o-provedbi-natjecaja/.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365