Благодарение на неверојатниот старт на филмот „Deadpool & Wolverine“ – кој веќе заработи 211 милиони долари ширум светот – студиото Marvel на компанијата Walt Disney сега колективно заработи над 30 милијарди долари на глобалниот бокс-офис.
Кинематскиот универзум на Marvel, кој има продуцирано блокбастери како „Avengers: Endgame“, „Black Panther“ и „Iron Man“, сега е филмската франшиза со најголема заработка на сите времиња.
Секој од нивните 33 долгометражни филмови дебитирале на првото место на американскиот бокс-офис, а новиот „Deadpool & Wolverine“ се очекува да биде 34-от. Притоа, дури десет од нивните филмови заработиле над 1 милијарда долари на глобално ниво, додека два филма заработиле над 2 милијарди долари. Всушност, Marvel ги држи местата бр. 2, 6, 7 и 10 на листата на филмови со најголема заработка на сите времиња на глобално ниво.
Според Кевин Фајџ, продуцент и претседател на студиото Marvel, снимањето на досегашните 34 филмови од нивниот кинематски универзум го научило дека секој филм треба да има момент кој ја исполнува публиката со возбуда и ентузијазам. „За мене, да продолжам да учам и да размислувам како обожавател и како член на публиката е клучот за да се биде одличен креативен продуцент“ – посочува Фајџ.