Минатата недела дознавме за новата кампања на брендот за брза храна McDonald’s кој ја прашал вештачката интелигенција на ChatGPT за тоа кој е најпознатиот бургер на светот. Дадениот одговор – Big Mac, кој потполно им одговарал, го поставиле на постери и ги залепиле на разни локации ширум Бразил.
Накратко потоа, со свој одговор од вештачката интелигенција им се приклучи и нивниот конкурент Burger King, кој овој пат прашал кој е најголемиот бургер во светот – нивниот Whopper. Овој одговор потоа го поставиле веднаш до постерите на McDonald’s.
Сега, пак, во целата „борба“ на брендовите за брза храна се приклучува и Subway, кој овој пат ја запрашал вештачката интелигенција како бургерите на неговите претходници се споредуваат со сендвичот од една стапка – најпопуларниот производ на Subway.
Според ChatGPT, двата бургери се „значително помали“ од сендвичот долг една стапка. Овој одговор потоа бил претставен во нова визуелна креатива – до претходните постери на McDonald’s и Burger King.
Одговорот на Subway бил осмислен од креативната агенција Saatchi & Saatchi.