Советот за медиско рангирање (Media Rating Council – MRC), независна организација во САД која управува со акредитациите и стандардите за медиски истражувања и рангирање во државата, соопшти дека ја суспендирала акредитацијата на Nielsen за мерење на локални и национални телевизии во САД.
Одлуката доаѓа по обвинувањата од медиски компании и огласувачи насочени кон Nielsen дека неправилно броела помали бројќи на телевизиска гледаност за време на пандемијата.
Несогласувањата почнале уште од мај годинава. Потоа, Бирото за видео огласување (Video Advertising Bureau), конзорциум на медиски компании кој ги вклучува и Disney, ViacomCBS и NBCUniversal, јавно побарале од MRC да ја одземе акредитацијата на Nielsen.
Nielsen потоа проактивно ја повикале MRC да им ја суспендираат акредитацијата на 12 август, но дека ќе продолжат со своето мерење и со унапредување на своите услуги и без поддршката на Советот. Имено, Nielsen и сега има право да мери и соработува со трети страни, само што нивното мерење нема да биде поткрепено со стандардот кој го гарантира MRC.
Минатата недела, NBCUniversal ја истакнале својата поготвеност за „независност во мерењето“ и објавиле повик за соработка до повеќе од 70 компании за мерење на рејтинг, посочувајќи дека во иднина би соработувале и со повеќе од еден партнер.
После сите случувања, бордот на MRC конечно одлучил да ја суспендира акредитацијата на Nilesen, одлука која ќе биде ефективна од 20 септември.
Како одговор, генералниот извршен директор на Nielsen, Дејвид Кени, во соопштение истакна дека компанијата презема акции за „решавање на отворените прашања“ и продолжува со „тековната работа“ за изградба на нов модел за мерење што „ќе ја одразува насоката во која се движи индустријата“.