Драмската серија на Dalibor Matanić за прв пат ќе биде прикажана на ексклузивен скрининг во текот на New Europe Market
Драмската серија со секогаш интригантна тематика Novine, ќе доживе светска премиера на 14 јуни 2016 година, во текот на овогодинешниот четврти по ред NEM во Дубровник.
Novine е драмска серија во 12 епизоди во која ја следиме новинарската редакција на дневниот весник од Риека во текот на ненадејната промена на сопственоста и внатрешните превирања напосредно предизвикани од тешка сообраќајна несреќа. Наспроти шокантното превземање на сопственоста од политички и општествено влијателен тајкун и менување на уредничката политика, новинарите на редакцијата продолжуваат да истражуваат и да ги сложуваат коцките на широкиот транзициски мозаик.
Novine е сигурно најсложената драмска серија која досега сме ја работеле, но веруваме дека работата успеавме да ја направиме по највисоките стандарди на актуелната европска драмска продукција. Најголем предизвик ни беше еден исклучително тежок текст, кој и кога само се чита, бара голема концентрација, да се претвори во драматични и напнати 12 епизоди. Уверени сме дека светската премиера на нашата серија на NEM, каде што првата епизода ќе биде прикажана пред публиката која ја сочинуваат некои од најважните луѓе од телевизискиот и филмскиот бизнис на денешницата, ќе го отвоти патот на нашиот проект далеку надвор од границите на Хрватска – изјави продуцентот на серијата Nebojša Taraba (Drugi plan).
Novine е прва телевизиска серија на лауреатот на Cannes, Dalibora Matanić работена спема сценариото на Ivicа Đikić, чија продукција ја потпишува продукциската куќа Drugi plan за HRT на чело со Nebojšа Tarabа и Miodrag Silа. Во главните улоги ќе ги гледаме Brankа Katić, Trpimir Jurkić, Aleksandra Cvjetković, Olgа Pakalović, Zijad Gračić и многу други.
После исклучително успешното трето издание, NEM продолжува да расте и да се развива, па и оваа година на учесниците ќе им пружи несекојдневни бизнис прилики. Членовите на менаџментот и управата на најголемите светски медиски компании ќе се соберат во хотелот Dubrovnik Palace на настан кој има за цел да ги промовира потенцијалот и можностите кои ги нуди регионот на Средна и Источна Европа. Од менаџери и членови на управата на телевизиски компании, оператори од целиот регион, продуцентски елити, па се до водечки компании за анализа и технологија, но и самите ѕвезди, комплатната телевизиска индустрија се собира на NEM.
За повеќе информации за панелите, панелистите, спонзорските и networking приликите, следете го настанот и на социјалните мрежи: