Home » Во фокусот » Светската музичка индустрија лани заработила 19,1 милијарди долари, најмногу од 2006 година

Светската музичка индустрија лани заработила 19,1 милијарди долари, најмногу од 2006 година

Светската музичка индустрија заработила 19,1 милијарди долари во 2018 година, најмногу од 2006 година, соопшти Меѓународната федерација на фонографски индустрии (ИФПИ).

Приходите на музичките издавачи минатата година се зголемија за 9,7 отсто во однос на највисоката заработувачка остварена во 2006 година. Тоа зголемување првенствено се должи на силниот раст на приходот од дигиталното музичко емитување т.н. стриминг, што сега опфаќа речиси половина од заработката од снимената музика.

Продажбата на дигитална музика, албуми и синглови е во опаѓање, додека во исто време физичките носачи на звук продолжуваат да генерираат околу една четвртина од приходите, соопшти ИФПИ.

Најголем светски пазар е САД, по што следуваат Јапонија, Велика Британија, Германија, Франција, Јужна Кореја, Кина, Австралија, Канада и Бразил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365