Првите денови на март планината Паландокен во Ерзурум во Туркије ќе биде домаќин на светската сноубордерска елита, каде ќе се одржи светскиот куп во сноуборд крос (SBX). Ова е еден од најпрестижните настани кој ќе се одржи од 1- 3 март годинава каде натпреварувачите ќе ги покажат своите вештини во најдинамичните дисциплини во зимските спортови.
Ерзурум и планината Паландокен во текот на март ќе бидат домаќини и на светскиот турнир во одбојка на снег што ќе се одржи од 13-16 март каде што ќе се сретнат сите љубители на екстремниот зимски спорт. Во рамките на турнејата, водечки одбојкарски тимови ќе се натпреваруваат на снежните терени, а ќе се одржи снежна надолна трка, каде професионалните велосипедистите ќе се соочат со предизвиците што ги носи само снегот, создавајќи спектакл на планински велосипедизам во екстремни услови. Покрај тоа, љубителите на авантурите ќе можат да се искачуваат на мраз во првиот вештачки леден парк во Туркије кој се наоѓа токму во Ерзурум. Атрактивниот леден ѕид кој треба да се совлада е со висина од 25 метри.
Светскиот куп во сноуборд ќе биде пренесуван во живо на национални и меѓународни телевизиски канали, овозможувајќи им на гледачите ширум светот да ја следат возбудата од овој спектакуларен спортски настан.
Ерзурум сѐ повеќе ја зацврстува својата репутација како водечка зимска дестинација. На почетокот на годината од 6-12 јануари 2025 година во Ерзурум се одржаа Зимските игри, на кои учествуваа 350 спортисти во 11 дисциплини, меѓу кои и сноуборд и скијање. Од 7 до 10 февруари се одржа и националниот шампионат во качување по мраз, организиран од Турската планинарска федерација.
Ерзурум и е главен град на туризмот во рамките на Организацијата за економска соработка (ЕКО) и прв европски главен град на зимските спортови назначен од ACES (Европски престолнини и градови на спортот). Покрај спортските натпревари, градот нуди богата културна програма со концерти, изложби и гастрономски фестивали, создавајќи повеќедимензионално искуство за многубројните гости. Посетителите можат да ги истражат величествениот водопад Тортум, самовилските оџаци во Нарман и античките знаменитости долж патот на свилата, како што се медресата со двојно минаре и џамијата Улу. Токму Ерзурум е дом на прочуените кебапи и десертот кадаиф долма, како и на други кулинарски специјалитети.