Home » Во фокусот » Светскиот пазар на мобилни игри ќе вреди повеќе од 58 милијарди долари

Светскиот пазар на мобилни игри ќе вреди повеќе од 58 милијарди долари

Во 2016 години светскиот пазар на мобилни игри вредел импресивни 32,29 милијарди долари

Пазарот на мобилни игри расте од ден на ден. Нови игри, нови уреди и нови играчи гарантираат дека во иднина изработката и продажбата на мобилни игри ќе биде профитабилна дејност.

Според предвидувањата на BIS Research, светскиот пазар на мобилни игри би можел во следните 5 години да ја надмине вредноста од повеќе од  58 милијарди долари. За споредба, во 2016 година светскиот пазар на мобилни игри вредел 32,29 милиларди долари.

Имено, пазарот на мобилни игри во текот на изминатите години доживеа бројни промени.  Од цела низа на технолошки иновации, па се до поголем број на корисници на мобилни уреди.  Всушност, големиот број на корисници со различни интереси и возрасни групи го поттикна развојот на различни мобилни игри.

Развојот на проширената и виртуелната реалност во индустријата на игрите им овозможи на програмерите создавање на нови видови на мобилни игри кои се темелат токму на тие нови технологии.

Според истражувањата направени во 2016 година, најголем удел на пазарот на мобилни игри завземале стратегиите и загатките, а во следните пет години се очекува да продолжи нивниот раст. Најисплатливи игри во целиот свет се воедно и оние кои се најпопуларни како Clash of Clans, Game of War: Fire Age и Puzzles and Dragons.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365