Светската фудбалска асоцијација ФИФА и домаќините на Светското фудбалско првенство во Катар 2022 ја открија официјалната маскота на првенството.
Запознајте се со La’eeb, лебдечка фигура која е „полна со енергија“ и има „младешки дух“.
Ла’ееб е машка куфија – препознатливата марама која мажите од арапскиот свет ја носат на својата глава за да се заштитат од сончевите зраци и песокот во пустинските региони.
Но, со оглед на тоа што фигурата нема постојана форма, а има способност за лебдење, многу луѓе во неа препознаваат и дух, сличен на популарниот Каспер.
Ла’ееб бил „фрагмент на вашата имагинација“, па така тој може да биде сé она што некој фудбалски фан ќе посака да биде. Тој доаѓа од „маскот-верзумот“ т.е. светот на маскотите, кој е изграден врз човечките идеи и постоел од почетокот на времето.
Според ФИФА, името на лебдечката марама во превод значи „супер-вешт играч“, а неговата задача е да шири радост и самодоверба онаму каде што оди.