Вредноста на времето зависи од тоа како ќе го искористите. Многумина веруваат дека тоа исто така може да го излечи скршеното срце. Токму поради тоа часовничарскиот бренд Swatch се одлучи да ги испочитува љубовните циници и сите оние кои се „сингл“ по повод овој Ден на вљубените, лансирајќи нова колекција и кампања која носи еден свеж и поинаков пристап кон најважниот ден во годината кога е во прашање љубовта.
Наместо вообичаените романтички пораки, четирите нови часовници на Swatch го имаат токму спротивниот сентимент. Секој еден од нив кажува приказна за скршено срце со одличен комичен тајминг, одбележан со стил и доза на сарказам која функционира скоро терапевтски за оние неприврзаните.
P(E/A)NSE-MOI
Специјалната едиција на P(E/A)NSE-MOI има црвено ремче со добропознатиот срцев симбол, аплициран во мултиплицирано издание на задната страна од ремчето. Но, тоа не е сé. Часовникот доаѓа заедно со „кутија за прва помош“, комплетно со фластери кои можат да се залепат на пукнатините од скршеното срце!
HATE 2 LOVE
HATE 2 LOVE има повеќе од една страна и претставува „ролеркостер“ на емоции. Преку ден, црниот дисплеј носи порака на невозвратена љубов – “I hate to love you” („Јас мразам што те сакам“). Меѓутоа, штом падне ноќ, остануваат да светат само зборовите “I love you” („Јас те сакам“). Ви звучи познато?
BEATING LOVE, BEATING PINK
Има нешто во врска со 1970-те што никогаш не излегува од мода, а љубовта на Swatch за сите нешта ретро никогаш не промашува отчукување. И двата модели, New Gent BEATING LOVE и Gent BEATING PINK, го фаќаат вистинското расположение со линии во бојата на виножитото кои го следат пулсот на носителот по должината на белото ремче, завршувајќи во форма на срце на дисплејот.
Исто така, Swatch планира да ги расплаче луѓето овој Ден на вљубените… но, од смеење! Доколку немате планиран состанок, немојте да паничите. Швајцарскиот бренд има решение. Комичарката Елена Габриел ќе има премиера на своето ново комично шоу на IGTV и YouTube профилите на Swatch, во недела, 14 февруари, со почеток во 20:00 часот по средноевропско време. Австралиската комичарка, говорник на TEDx и талентот позади YouTube видеото “How to date a French guy” (со 2.8 милиони прегледи), ќе успее да го насмее дури и најскршеното срце.
Официјален застапник за производите на Swatch во Македонија е Божиновски часовници и накит.