• Огласи за работа
  • |
  • Датабаза на агенции
  • |
  • Датабаза на медиуми
Saturday, February 27, 2021
No Result
View All Result
NEWSLETTER
Marketing365
Контакт
  • Во фокусот
    • Истражувања
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
    • Политички маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Компании
    • FMCG
  • Настани
Marketing365
  • Во фокусот
    • Истражувања
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
    • Политички маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Компании
    • FMCG
  • Настани
No Result
View All Result
Marketing365
No Result
View All Result

TAG Heuer и Porsche склучија историско партнерство за стратешка соработка

February 5, 2021
in Во фокусот, Луксузни брендови, Најнови вести
Сподели на FacebookТвитниСподели на LinkedIn

Швајцарскиот производител на луксузни часовнити TAG Heuer и германскиот производител на спортски автомобили Porsche го објавива потпишувањето на стратешко партнерство – автентична алијанса помеѓу два брендови чија заедничка ДНК во мотоспортовите и тркачките терени претставува основа за холистичка и долгорочна соработка, од заедничка поддршка на натпреварувања, до развој и лансирање на нови производи.

По тој повод беше лансиран и новиот часовник TAG Heuer Carrera Porsche Chronograph, како прв заеднички проект на двата иконични брендови.

„TAG Heuer и Porsche имаат заедничка историја и вредности, но што е уште поважно – споделуваат ист став кон работите. Како и Porsche, ние сме „нарушувачи“ во срцето, секогаш во потрага по високи перформанси. Со оваа алијанса, TAG Heuer и Porsche конечно и официјално се здружија после децении на блиски средби и ќе создаваат неспоредливи искуства и производи за потрошувачите и фановите кои се страствени и за двата наши брендови и за она што се залагаме,“ истакнува Фредерик Арно, генерален извршен директор на TAG Heuer.

р е к л а м а

„Силното пријателство на нашиот бренд со TAG Heuer постои со децении и сум повеќе од среќен што сега ги превземаме следните чекори во рамките на стратешко партнерство. Ние го споивме она што нашите клиенти најмногу го сакаат кај двата брендови: автентично наследство, возбудливи спортски настани, уникатни животни искуства и исполнување на соништата. Двата брендови се стремиме да создадеме некои уникатни, волшебни моменти за нашите заедници. Сега со нетрпение очекуваме да го сториме тоа заедно,“ додава Детлев вон Платен, член на извршниот одбор за продажба и маркетинг на Porsche AG.

Повеќе од половина век приказните на двете компании се испреплетуваат. Всушност, може да се направат бројни паралели помеѓу двете компании уште од самите нивни почетоци пред повеќе и од еден век, при што пионерството и иновациите се нивни главни белези.

Сепак, вистинскиот спој се случува кон средината на 20 век, кога Porsche се прославува како производител на тркачки автомобили, победувајќи на Carrera Panamericana (во превод „Панамериканската трка“) во 1954 година. По тој успех, Porsche го именува својот најмоќен спортски мотор во тоа време “Carrera” („Трка“ на шпански).

Од друга страна, Џек Хоер, правнукот на основачот на TAG Heuer, Едвард Хоер, во 1963 година го создава првиот Heuer Carrera хронограф, дизајниран специјално за возачите на тркачки автомобили. Со текот на годините, “Carrera” станува една од најзначајните часовничарски серии на компанијата.

Кон таа серија сега се приклучува и новиот, заеднички TAG Heuer Carrera Porsche Chronograph.

Часовникот има челично куќиште од 44 милиметри, додека пак ремчето доаѓа во две варијанти – кожно ($5,850), кое ја рефлектира внатрешноста на Porsche Carrera, и челично ($6,050), кое ја рефлектира тркачата механика на Porsche.

 

1 of 2
- +

И останатите елементи се исто така инспирирани од естетиката на автомобилскиот бренд. Дизајнот е реализиран во трите традиционални бои на Porsche – црна, црвена и сива, кои исто така се конзистентни со боите на историските модели на TAG Heuer. Дисплејот оддава перцепција на асфатлна подлога, додека пак бројчаникот е базиран врз спидометарот на Porsche. На керамичкиот прстен се наоѓа тахиметар и врежан натпис со името на Porsche.

Во куќиштето, инаку дизајнирано да потсетува на воланот на Porsche, се наоѓа автоматскиот механизам Calibre Heuer 02, кој овозможува резервна енергија од 80 часа.

 

1 of 2
- +

Покрај заедничките производи, партнерството на TAG Heuer и Porsche ќе вклучува и заедничко спонзорство на спортски настани и тимови. Пред сé тоа ќе се остварува во сферата на тркачките спортови, продолжувајќи го богатото наследство на брендовите. Покрај мотоспортовите, предвидена е и заедничка поддршка на тениски и голф натпреварувања.

Вечерен бриф

Маркетинг365 вечерен бриф

* indicates required

За нас

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија.
Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 година), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014)…….Прочитај  ПОВЕЌЕ

marketing365-logo-transparent

  • Импресум
  • Контакт
  • Датабаза на агенции во Македонија
  • Политика за приватност на Marketing365 (Privacy Policy)

 

Cannes Lions Official Festival Representative

AmCham

  • Импресум
  • Контакт
  •  Ценовник за огласување

© 2021 JNews - Premium WordPress news & magazine theme by Jegtheme.

No Result
View All Result
  • Во фокусот
    • Колумни
    • Интервјуа
    • Истражувања
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Настани
  • Компании
  • ДАТАБАЗА НА АГЕНЦИИ
  • ДАТАБАЗА НА МЕДИУМИ
  • Контакт
  • Ценовник за огласување

© 2021 JNews - Premium WordPress news & magazine theme by Jegtheme.