Home » Во фокусот » Taittinger Champagne – првиот шампањ официјален спонзор на СП во фудбал

Taittinger Champagne – првиот шампањ официјален спонзор на СП во фудбал

За прв пат во историјата на Фифа еден бренд на Шампањ е избран да биде ‘’официјален Шампањ’’ за време на ова натпреварување.  Познатиот француски бренд познат под името Taittinger Champagne потпишал договор со Фифа за спонзорство не само за Светското првенство во Бразил туку и за купот на конфедерациите кој се одржа во Бразил во 2013.

Taittinger Champagne е познат глобален француски бренд присутен во 150 земји.  Неговата репутација е врзана за високиот квалитет и иновативноста. За време на светското првентсво во фудбал Taittinger Champagne доаѓа со нова иновација на етикетата. Имено маркетерите од оваа куќа на шампањ направиле специјална етикета со фудбалски топки  во 3D.

Што би била маркетинг стратегијата од овој sponsorship agreement  на Taittinger Champagne ?

Taittinger Champagne

Фудбалот е поврзуван со славењето на победите, радоста.  Победите во Бразил не се обични победи. Тоа се победи заслужени со борба на теренот и затоа треба да бидат прославени на посебен начин. Тоа се т.н premium moments.  Овие посебни моменти се исполнети со Taittinger Champagne. Во маркетинг ова се нарекува релација бренд-потрошувач (usage situation).

Втората работа се таргет групите на Taittinger Champagne.  Фудбалерите се секогаш во т.н луксузен сегмент. Исто и поголемиот дел од фановите кои што допатувале во Бразил бидејќи секој не може да си дозволи ваков вид на авантура.  Оваа прилика  овозможува дирекно да се довати таргетот  и да се засили т.н brand awareness depth (brand recognition, brand recall- top of mind) и  brand awareness breadth (usage situation- premium moments). 

taittinger slika

Во Македонија Пивара Скопје исто така се обиде да ја имплементира истата стратегија но со помал интензитет на visibility (фудбалски топки се насликани само на етикетата од задниот дел на шишето).  Toa ќе помогне да се засили релацијата бренд-потрошувач (блискоста на Скопско со потрошувачите) и сите останати Taittinger Champagne стратегии спомнати погоре ќе важат и за Скопско.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365