Алкохолниот бренд Jägermeister отпочна нова кампања на британскиот пазар, насловена „The Secret is Ice Cold“ („Тајната е мраз ладна“).
Кампањата има за цел да ја запознае јавноста со фактот дека најдобриот начин за служење на Jägermeister е на многу ниски температури, или поточно: „мраз ладен“ на -18 степени Целзиусови.
Централниот спот на кампањата прикажува млади луѓе кои се забавуваат. Фокусот е ставен врз еден маж и една девојка, кои танцуваат врз подлога од мраз. Спотот завршува со точењето на ладни чашки Jägermeister и здравица на присутните.
Видеото е проследено со нова музичка нумера продуцирана од прославениот диџеј Majestic.
Покрај видео спотот, кампањата ќе биде проследена и со out-of-home реклами и онлајн активности.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Red Brick Road и продукциската куќа Papaya Films.