На 19 септември во Скопје се означи почетокот на промените во македонскиот медиумски сектор. Првиот Media Innovation Forum (MIF) спои околу 100 одбрани професионалци од Македонија и регионот кои дискутираа околу медиа трендовите, предизвиците со кои се соочуваат при секојдневното работење, како се справуваат со нив, како и што се очекува да се измени во годината која доаѓа. Настанот беше во организација на маркетинг агенцијата Еден на Еден, во соработка со Pikasa и IAB Macedonia, поддржан од УСАИД.
MIF 2018 содржеше уште една паралелна програма: Buyer’s Salon во кој 9 македонски компании и контент креатори се претставија себеси на потенцијални партнери, програмски купувачи и донатори од регионот кои изразија отворено интерес за соработка.
Интернационалните експерти на настанот беа вреден извор на информации за она што може лесно да се поправи, со труд и ефикасна прераспределба на ресурсите. Татиана Репкова, основач на Media Managers Club оддржа корисна работилница која на учесниците им покажа дека работејќи со лесно достапни податоци можат ефикасно да го подобрат својот процес на работа. Боб Пирсон, потпретседател и шеф на иновации на W2O Group, говореше за привлекување на публиката и за тоа како да се издвоите од морето на различни информации, базирано на неговото искуство работејќи со брендови како Coca Cola, Red Bull, HP, Warner Brothers и многу други.
Маркетинг директорот на гигантот за интернет безбедност ESET, Џулијан Робертс посочи дека телевизиите во Македонија мора итно да престанат да ги користат продукциите и контент креаторите, користејќи ги нивните услуги без никаков надомест, давајќи им само мал дел од рекламниот простор. Робертс укажа дека само со промена на свесноста кај челните луѓе во медиумите може да дојде до значајна промена во иднина. Божидар Абрамовиќ, генералниот директор на Omnicom Media Group Croatia, сподели дека сегашната пракса значително ги намалува цените на рекламирање. Познатиот хрватски продуцент Небојша Тараба се согласи дека ова е најголемиот предизвик во медиумскиот сектор во Македонија.
За патот до успехот во македонски услови, подемите, падовите и значењето на соработката од надвор говореа Роберт Насков (Кино Око) и Симон Шандуловски (Vertigo Visual).
Организаторите, како и присутните се надеваат дека до следниот MIF 2019 настан, медиумите во Македонија ќе можат да се пофалат со значаен напредок.
За повеќе информации посетете ја веб страната: www.mediainnovationforum.com и следете го Media Innovation Forum на www.facebook.com/mediainnovationforum