На телевизорот во дневната соба, осамен цртан лик плаче пред празен тросед, во спалната соба е оставена играчка конзола, на масата во кујната ѕвони телефонот и никој не се јавува. Зошто? Сите се на маса и заедно јадат тестенини.
Во свет исполнет со бројни одвлекувања на вниманието, производителот на тестенини Barilla ја нагласуваат важноста на заедничките оброци. Во типичен италијански стил, централниот спот на кампањата “Recipe for Togetherness” („Рецепт за заедништво“) прикажува како луѓето повторно се поврзуваат помеѓу себе со помош на вкусна чинија тестенини.
Покрај спотот кој ќе се емитува на телевизија, кампањата исто така ќе вклучува надворешни реклами и активности во дигиталниот простор. Кампањата е создадена и се реализира во соработка со агенцијата LePub, дел од Publicis Groupe.
„Наодите од истражувањата потврдуваат дека на луѓето редовно им се одвлекува вниманието за време на нивните дневни оброци, обезбедувајќи силна почетна точка за нашата креативност. Италијанскиот ритуал на заедничко јадење околу маса потекнува од нашата култура. Масите стануваат простор за споделување мислења, отворање разговори, дружење и поврзување, а тоа е важен начин да се почитува не само храната, туку и заедништвото. Животот се случува и околу масата, местото кое суштинскиот чин на јадење го претвора во прослава на животот“ – објаснува Бруно Бертели, генералниот извршен директор на агенцијата LePub.
„Како бренд, силно чувствуваме дека храната ги зближува луѓето и како наша мисија си поставувме да ги промовираме тестенините како знак на љубовта за споделување“ – вели Иларија Лодиџиjани, генерална маркетинг директорка во Barilla, изразувајќи надеж во име на компанијата дека оваа кампања „може да ги поттикне луѓето да бидат поприсутни со тоа што ќе се предизвикаат себеси да бидат инвентивни во кујната и да создадат незаборавни моменти што го поттикнуваат заедништвото“.