Можеби најпопуларната рок група на сите времиња, Битлси (The Beatles), пристигнаа на социјалната мрежа TikTok со официјален канал.
Засега на профилот има шест кратки видеа, а за корисниците на TikTok достапни се 36 хитови на бендот врз основа на кои ќе можат да создаваат кореографирани танцови.
Иако можеби за некои може да се чини чудно што бара музиката на стар бенд како Битлси на платформа која е најпопуларна меѓу припадници на младата Генерација „Z“, вистината е дека музиката на Битлси е безвременска и дека одлично би се вклопила на TikTok.
Од друга страна пак, оној кој ги држи правата на музиката на Битлси сигурно не сака да ја испушти бизнис можноста што ја нуди големата публика на TikTok.
Всушност, социјалната мрежа минатиот месец објави дека ја надминала бројката на една милијарда активни корисници на месечно ниво, а со оглед на претходните искуства со други помалку познати изведувачи чии песни прераснаа во вистински хитови на TikTok, не би било изненадувачки доколку платформата успее да предизвика нов „Битлси ревајвал“ во годините што следуваат.