Дали сте приметиле дека колку што луѓето стареат, толку помалку се љубопитни? Не е невообичаено за возрасните да бидат презафатени со дневниот метеж и активности, што изгледаат како да не ги интригира повеќе ништо. Но, тоа не мора да биде така.
„Никогаш не престанувајте да прашувате“ – тоа е пораката што сака да ја испрати светски познатиот специјализиран магазин за економија The Economist во својата нова адвертајзинг кампања.
Кампањата е дело на агенцијата Proximity London, а ќе биде лансирана во Обединетото Кралство и САД. Телевизискиот спот кој е дел од кампањата и се фокусира на концептот дека љупобитноста го води прогресот е првиот на The Economist после една деценија.
Погледнете: