Модниот бренд за спортска и “outdoor” опрема The North Face ланираше нова видео-реклама, дел од кампањата “Never Stop” („Никогаш не запирај“), со која им оддава признание и ги слави жените кои навистина никогаш не запираат да ги поместуваат границите, да ги искачуваат врвовите и гордо да отвораат нови патеки кои другите ги следат.
Со нарација на англиската музичарка Џес Глин, спотот прикажува колаж на снимки од жени кои никогаш не потклекнуваат пред предизвиците и директно се соочуваат со нив, како што се Стефани Кејс, канадски тркач и адвокат за човекови права, Ашима Шираиши, американска алпинистка – една од најдобрите во светот, и Мирамар Мухд, ирачка уметничка и активист.
Според The North Face, само преку засилување на нивните гласови и нивна поголема видливост во јавноста, приказните на овие жени можат да ги мотивираат, инспирираат и ангажираат луѓето да превземат чекори со цел да ги „поместуваат планините“ и да ја надминат ситуацијата на „статус кво“ во светот.
Рекламата е создадена со помош на британската креативна агенција Mongoose.