Модните брендови The North Face и Gucci лансираа заедничка видео кампања со веб-порталот за улична облека Highsnobiety и популарниот „набљудувач на возови“ Френсис Буржоис.
„Набљудувањето на возови“ или “Trainspotting” е хоби на луѓе кои се вљубени во возовите и железницата. Еден од нив, човек по име Френсис Буржоис од Англија, стана особено популарен на социјалните мрежи Инстаграм и ТикТок за време на пандемијата, објавувајќи видеа поврзани со неговото хоби.
Модните брендови ја забележаа харизматичноста на младиот англичанец и се одлучија да го ангажираат за својата нова реклама за облека во ретро стил.
Имено, во спотот го гледаме Френсис, во улога на кондуктер, како води една група на млади и авантуристични луѓе облечени во ретро дизајнираните модни парчиња на The North Face и Gucci, инспирирани од времето на 1980-те и 1990-те. Всушност, и самиот видео спот е кинематографски реализиран во таков стил.
Пораката на рекламата е дека “outdoor” облеката на The North Face и Gucci е совршен избор за секоја ваша авантура надвор од градот.