The Smarts е избрана за нова маркетинг агенција на Mтел, водечкиот телекомуникациски оператор во Бугарија, дел од Телеком Австрија Групацијата. The Smarts ќе започне со управување на маркетинг активностите на брендот од 1 јули. Агенцијата ќе ја опслужува телекомуникациската компанија во следната една година.
Конкурсот за избор на нова маркетинг агенција почна во мај и во него учествуваа шест агенции. Доброто познавање на телекомуникацискиот пазар и креативноста на идеите, како и стратешкото планирање беа основен критериум при изборот на агенцијата.
Агенцијата која досега ја опслужуваше компанијата беше DM&B Софија (Demner, Merlicek & Bergmann). За време на нивната долгогодишна соработка, агенцијата ги оствари некои од најголемите и најуспешни маркетинг кампањи на Мтел. Со нивна помош, Мтел се издигна како еден од најсилните брендови на бугарскиот пазар.
The Smarts е независна маркетинг агенција, основана во 2008 година. Таа им нуди на клиентите целосна маркетинг услуга и стретешки консултации во сферата на маркетингот. За време на шесте години од своето постоење, како свои клиенти ги имаше некои од најголемите огласувачи во земјата, но и мали и средни компании, кои се стремат да напредуваат меѓу останатите со својата комуникација.