Апликацијата за запознавање Tinder воведе нова опција со која корисниците сега ќе можат да пребаруваат профили врз основа на интереси.
Со цел промоција на новата функција, брендот со помош на креативната агенција Mischief @ No Fixed Address ја лансираше кампањата “You’re Not For Everyone” („Ти не си за сите“).
Се работи за серија на кратки, хумористични спотови кои прикажуваат луѓе со специфични интереси. Притоа, сите спотови завршуваат со текстуалната формула: „вашиот [интерес] не е за сите. Но, е за некого.“
Кампањата ги слави оние кои Ве сакаат баш онакви какви што сте, со сите ваши „чудни“ интереси, навики и „кинкови“. Всушност, секогаш постои некој „скроен“ за некој друг.