Порторож вечерва е обоен во црвено и жолто. Првиот ден од Golden Drum 2013 помина во знакот на Македонија ! Што би се рекло, прво-па машко !
Њу Момент Скопје (New Moment New Ideas Skopje), една од трите агенции кои годинава ја претставуваат Македонија на Golden Drum, е апсолутен победник во натпреварувачкиот дел од првиот ден на Golden Drum 2013.
Дури 3 Гранд При награди со нивната кампања “10 метри одвоени“ која оваа година “растура” на сите фестивали каде беше пријавена. Спотот од истата кампања претходно годинава беше и добитник на “Титаниум лав“ во Кан, а влезе и во топ 25 на Balcannes регионалната ревија со најмногу освоени поени.
„10 метри одвоени“ е дел од пошироката кампања спроведена од Генералниот секретријат на Владата на Република Македонија за соживот и за религиска толеранција.
Трите Гранд При награди кои Њу Момент со оваа кампања денеска ги доби во Порторож се во категориите Radio, New or Inovative (во оваа категорија Гранд При-то го дели со Getin Noble Bank од Полска) и Events.
На следниов линк можете да ги видите сите агенции кои денеска добија Grand Prix, Golden Drum, Silver Drum или влегоа во потесен избор.
Маркетинг365 на Њу Момент им честита за ова одлично достигнување и ним и на другите македонски претставници им посакува многу успех во претстојните фестивалски денови !