Популарниот швајцарски бренд на чоколадо “Тоблероне” може да достигне нови височини по враќањето на оригиналниот дизајн и со поголема тежина.
Минатата година, компанијата која го произведува чоколадото, Mondelez International, се најде во остра „војна“ со британската компанија Poundland која извади своја верзија на чоколадо во форма на планини наречено „Twin Peaks“. Меѓутоа, Mondalez изгуби и Poundland доби „зелено светло“ да ги продава „Twin Peaks“ во ограничени количини.
Poundland никогаш не негираше дека дизајнот на чоколадото е инспириран од Toblerone. Напротив, од компанијата инсиситраа дека „Twin Peaks“ е одговор на критикуваниот редизајн на оригиналот, кој ги стесни “планините” и остави поголем празен простор меѓу нив.
Тоблероне оригинално тежеше 170 грама, но беше намалено на 150 грама со цел да се одржи неговата цена во време на инфлација.
Сега, на голема радост на потрошувачите, Тоблероне ќе ги пополни празнините и ќе се врати на стариот дизајн, но со поголема цена.
Секое чоколадо ќе тежи 200 грама, што претставува зголемување од 33% во однос на сегашната верзија, меѓутоа ќе биде и 2 до 3 пати поскапо.
Дали Вие би платиле поголема цена за поголемо Тоблероне?