Естонскиот рапер Томи Кеш, во соработка со францускиот луксузен бренд Мејсон Маргиела, претставија влечки кои имаат форма и изглед на векна леб
Кеш за прв пат своите влечки во форма на леб ги претстави во 2019 година, во рамките на изложбата со американскиот моден дизајнер Рик Овенс.
Внатрешноста на влечката изгледа како средина на бел леб, додека надворешноста наликува на златно-кафеав, свежо печен леб.
Се чини дека „необичниот“ дизајн на облеката е карактеристичен за естонскиот рапер кој претходно овој месец претстави патики долги метар кои ги дизајнираше во соработка со спортскиот бренд „Адидас“.
Влечките во форма на леб со логото Маргиела може да се најдат на веб-продавницата на брендот, а за нив е потребно да се издвојат 95 евра.
Влечките се претставени како дел од колекцијата која што вклучува и облека со потпис на Кеш, како и пакет вакумирани нудли со отпечатено лого на модната куќа.
Покрај калориите и нутритивните податоци, на задниот дел од пакувањето има и предупредување: „Забелешка! Ова е колекционерски предмет. Овој производ не е за конзумација. Јадете го само на ваш сопствен ризик “.
Пакување тестенини потпишани од Кеш и Маргиела чини 12 евра.