Тончи Клариќ е новиот креативен директор на една од водечките хрватски дигитални агенции – Proximity Zagreb.
Повеќе пати наградуваниот креативец, своите вештини и знаење до сега ги стекнуваше во неколку водечки хрватски и регионални агенции како што се Bruketa&Žinić, Digitel& и Renderspace (Pristop) во Словенија.
Освен богатото работно искуство и импресивно портфолио, Тончи може да се пофали и со бројни домашни и меѓународни награди како што се Effie, D&AD, Epica, Art Director’s Club, PIAF, Ads of the World, Web Fest Belgrade, Mixx, Diggit, Outward, Festo, Forfest, Sempl, Heineken Brand Building Award и Magdalena.
Во последните година дена ги освои и наградита Best in Show за најдобра дигитална кампања во Хрватска (Изгубена станица на клиентот HGSS) и Grand Prix за најдобра дигитална кампања во Словенија (ITAK Ven за клиентот Telekom Slovenijа). Исто така ја имаше и честа да биде дел од жирито на словенскиот SOF, хрватскиот „Sudnjem Danu“ и светскиот AdStars.
Proximity Загреб е дел од најнаградуваната светска мрежа за дигитален и директен маркетинг. На хрватскиот пазар делува од 2001 година а во 2013 оствари промет поголем од 6 милиони куни. Управува со дигиталните платформи за многу познати домашни и странски брендови како што се adidas, American Express, Audi, Coca Cola HBC, Dukat, Galbani, HTC, Jamnica, Libresse, Pedigree, Whiskas и други.