Во 1870 година се ’роди’ пијалокот кој стана познат како Schweppes Indian Tonic. Иако честопати имитиран, копиран и реплициран, но никогаш истиот, тој остави впечаток кај луѓето со својот горчлив вкус и шик став.
На својата 150-годишнина, Schweppes Indian Tonic уште еднаш го потврдува својот статус во кампањата која е креирана од страна на агенцијата BETC.
Фотографиите на познатиот фотограф Дан Тобин Смит (кој правеше кампањи за Водка, Хенеси…) го откриваат духот на Тоник: свечен, освежувачки, но пред сè толку оригинален.
Во кампањата има три разиграни, силни и комплементарни визуелизации: шише покриено со цветни мотиви – ако погледнете поблизу, можете да видите кора од цитрус, која што се користи за коктели; отворено шише – интензитетот на познатата искра е доволен за буквално да ја изгасне роденденската свеќа и жолта кора од лимон, елегантно поставена покрај работ на разладена чаша за коктели која го имитира обликот на логото во голем формат.
Кампањата нè потсетува на непогрешливата карактеристичност на брендот Schweppes.
Конечно, годишнината не би била годишнина без подароци, па затоа 150-тиот роденден на Тоник ќе биде прославен како посебна игра со многу награди.