(РЕГИОН) – Финансиски најуспешна хрватска агенција од сите 36 члени на HURA и оваа година повторно е UNEX чии две агенции Unex Media и Unex Grupa, во 2016 година оствариле приход од 338,7 милиони куни што е еквивалентно на околу 45 милиони евра. Добивката после оданочување изнесува 17,5 милиони куни (2,3 милиони евра). Сепак, за UNEX се смета дека е исклучително изложена на опасност од намалување на бизнисот во наредниот период со оглед на тоа што работеше за водечките брендови на Агрокор како што се Конзум, Јамница, Звезда и Тисак што во реалноста значи голем знак прашалник колку од побарувањата во иднина ќе може да се наплатат.
Втора најуспешна членка на HURA е Real Grupa, со приходи од речиси 119 милиони куни (16 милиони евра) и добивка после оданочување од околу 800,000 евра.
Топ 10 листата на финансиски најуспешни медиски и маркетинг агенции во продолжение. За полесно сметање на сумите имајте го во предвид соодносот 1 евро = 7,4 куни.
Извор: Пословни дневник