Home » Во фокусот » Топ гости на наредното 17-то издание на Бизнис Кафе Македонија

Топ гости на наредното 17-то издание на Бизнис Кафе Македонија

Наредниот четврток на 9-ти јуни со почеток од 18:00 часот во Кафе-бар Стоби (ГТЦ) во Скопје, ќе се оддржи новото 17-то по ред издание на Бизнис Кафе Македонија.

Посетителите и овојпат ќе имаат можност да се запознаат со тројца исклучително истакнати професионалци кои со присутните ќе го споделат својот бизнис-пат и искуствата кои ги следеле низ нивната кариера.

biznis kafe br.17 FOTO

Гости на настанот ќе бидат Ненад Ристовски, раководител на одделот за дигитални медиуми во Публицис Македонија, Сашо Мацановски – Трендо, основач на Трендоленд / Off.net.mk и Тања Кокев, модна дизајнерка и основач на брендот “Кокев“.

Карта за настанот чини 300 денари и може да се купи online на следниов ЛИНК, преку целата дистрибутивна мрежа на Купи карти за се (во Југотон ГТЦ, продажен пулт во Сити Мол, ТА Савана центар и други..) или на фактура со резервација на следниов е-маил : mkbizniskafe@gmail.com

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365