Home » Во фокусот » Кампања: Покрај куќите на интернет троловите поставени нивни расистички коментари

Кампања: Покрај куќите на интернет троловите поставени нивни расистички коментари

Бразилското здружение кое се бори против расизмот постави расистички комантари од интернет, во близина на адресата на нивните автори. Но, не ги открија нивните фотографии и имиња…

Во последно време на бразилските улици можат да се забележат шокантни плакати на кои се испишани расистички пораки. Плакатите се дел од кампањата “Racismo Virtual, Consequencias Reais” (Виртуелен расизам, реални последици), која ја започна Criola, бразилско здружение за борба против расизмот.

rasisticki komentari 1

Кампањата започна после нападот на бразилска новинарка. После објавата на нејзините фотографии на фејсбук, многу корисници ја „почестија“ со разни расистички коментари.

Здружението Criola преку локациските ознаки на спорните коментари ги пронајде интернет злобниците и во близина на нивните домови постави огромни плакати со испишаните реченици упатени кон новинарката.

Тие луѓе мислат дека можат да седат во удобноста на својот дом и да прават што сакаат на интернет. Ние тоа нема да го дозволиме. Не можат да се сокријат од нас, ќе ги пронајдеме – изјави Jurema Werneck, основач на ова здружение.

rasisticki komentari 2

Имињата и фотографиите на коментаторите се скриени, но пораките се таму за да ги посрамотат коментаторите и да ги предупредат останатите на проблемот со расизмот во таа држава.

– Ги замагливме имињата и лицата на авторите на тие пораки, бидејќи нашата намера не е да ги разоткриеме. Сакаме да ги едуцираме луѓето во иднина да размислуваат за последиците на своите дела – велат од здружението.

Кампањата е лансирана летото и досега собра многу позитивни коментари.

Според пописот на населението од 2010 година, во оваа држава живеат околу 97 милиони или околу 50.7 % црнци. Бразилските закони строго забрануваат навредување на расна основа, но во пракса ситуацијата е поинаква. Од здружението, кое е основано во 1992 година, велат дека се надеваат дека оваа кампања ќе укаже на проблемот на расизмот и дека и властите ќе преземат чекори за да се казнат онлајн злосторниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365