Британскиот ланец на продавници за здравје и убавина Boots ја објави својата нова Божиќна кампања насловена “Bags of Joy” („Торби на радоста“), во која главна ѕвезда е актерката Џена Колман.
Централниот спот на кампањата отпочнува со сцена во која актерката ја разгледува чантата која ја добила како Божиќен подарок од својата баба. Џена набрзо сфаќа дека чантата е магична, односно нема дно и подарува сé што некој ќе посака.
Актерката потоа ја користи својата магична чанта за да им донесе радост и Божиќни подароци на своите блиски и сакани. Конечно, во последната сцена од видео спотот, Џена ѝ возвраќа со подарок на својата баба – парфем кој мириса како љубовта.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција The Pharm.