Американскиот претседател Доналд Трамп ја назначи Кејли МекЕнејни за негова нова портпаролка, на местото на Стефани Гришам која ја извршуваше оваа функција во изминатите 9 месеци.
Кејли МекЕнејни има 31 година а претходно работела како конзервативен аналитичар за CNN и како продуцент во ФоксТВ. Таа во февруари годинава беше назначена за прес секретарка на тековната претседателска кампања на Трамп, а сега истата позиција ќе ја извршува и во Белата Куќа. МекЕнејни во петокот ја оддржа својата прва прес конференција на која истакна специјално ветување кон новинарите дека секогаш ќе ја кажува вистината и никогаш нема да лаже!
“Можете да ми верувате на зборот“, рече МекЕнејни после ова тврдење.
Моменталната американска влада има посебно специфичен однос со медиумите и Претседателот Трамп е пецепиран како личност која “ужива” да дебатира со новинарите и начинот на кој тие известуваат.
Посебно е интересен неговиот пристап на коментирање на настаните преку неговиот персонален Твитер профил, кој потоа е ре-твитуван од официјалниот Твитер профил на институцијата Претседател на САД. Иако од многумина нарекуван како контроверзен, се чини дека овој негов пристап особено позитивно одекнува кај мнозинството население во САД и тој влегува како голем фаворит во претстојната Претседателска кампања и борбата со кандидатот на демократите Џо Бајден.