Четвртиот регионален форум на комуникациски лидери – IZAZOV 2018, ќе се одржи на 12 и 13 март во хотелот Radisson Blu Old Mill во Белград. Главната тема на овогодишниот форум ќе биде трансформација на бизнисот и прилагодување на промените и предизвиците на пазарот.
Ставовите за движењето, новите трендови и предизвиците на струката, ги истакнаа комуникациските стручњаци од агенциите кои делуваат во Србија:
„Клучниот предизвик за адвертајзинг бизнисот е да се има релевантен производ и услуги, кои клиентите имаат интерес да ги купат или изберат. Тоа за нас ќе биде предизвик број еден и во 2018 година“, изјави Марко Пешиќ, Executive Director на агенцијата Ovation BBDO.
Mарина Гриховиќ, директор на агенцијата Headline и косопственик на агенцијата за дигитални комуникации Dkit, истакнува дека е многу тешко да се предвиди дали ќе се случат некои големи промени и трансформација на струката во 2018 година или некоја следна година, но се очекува дека наскоро ќе дојде до трендови кои се спротивни на сегашните. “Луѓето ќе посакуваат некои стари вредности, а милениумците ќе посакуваат нешто ново, во овај случај старо. Можеби во ново пакување. Секако со подобар квалитет, бидејќи квантитетот на информации кои сега се пласираат едноставно се потиснуваат меѓу себе, губат смисла и сила. Тоа не може да се надомести со брза слика или силен звук кој привлекува внимание, верувам дека ќе мораме да се вратиме на суштината и вистинската порака.”
Игор Грмуша, Country Manager на агенцијата Degordian, вели дека GDPR (General Data Protection Regulation) е една од најголемите промени во врска со интернетот од неговото настанување, а освен потесната стручна јавност, речиси никој не се занимава со тоа. “Се плашам дека со GDPR ќе биде како со снегот кој ќе не` изненади во декември. Тоа е сериозен предизвик со кој компаниите, но и агенциите ќе се соочат оваа година.”
Ива Џурковиќ, Managing Director на агенцијата Luna\TBWA и OMD, наведува дека клучните предизвици во бизнисот ќе бидат како да се поедностават работите и да се преживее ризикот и додава дека поедноставувањето не е лесно, бидејќи мораш да знаеш точно што сакаш, на што сакаш да се фокусираш и зошто, и што е можеби најтешко, од што си подготвен да се одркнеш. Според нејзнините зборови, стратегија за безболно превземање на ризикот, нема.
“Како најголеми предизвици на струката и понатаму е разбирањето на начинот на кој потрошувачот го перцепира брендот во време на дигитална комуникација и како се одлучува да купи производ. Денешниот ‘consumer journey‘ се` попрецизно ги дефинира маркетинг целите во правец на поголема персонализација и реакција во реално време кои сакаме да ги постигнеме”, вели Јасна Дугалиќ, Account Director во агенцијата Direct Media.
Оливера Перковиќ, заменик извршен директор на I&F McCann Grupa, додава дека пред се`ќе дојде до дигитална трансформација. “Секако условена и со добри познавања на потребите и психологијата на корисниците, а покрај влијанието на технологијата, условена како со софистицираност така и со регулативите кога е во прашање data management. Што се однесува на самиот производ, покрај поагилниот и пофлексибилен пристап во креирањето и пласманот на самата содржина, кој мислиме дека ќе го бара пазарот, исто така, ќе продолжи и трендот на очекување комуникациите и големите брендови да се активни и инволвирани во решавањето на одредени социјални и културолошки теми”.
Како и претходните години, посебен сегмент на форумот ќе биде посветен на поттикнувањето на дијалогот помеѓу агенциите и комапниите, преку различни типови на интерактивни работилници, а ќе биде организиран и тимбилдинг за учесниците. Оваа година своите студии на случај ќе ги претстават, помеѓу останатите и компаниите: Bambi, Vip Mobile, FIAT, Delta Holding, Eurobank, Zlatiborac, PepsiCo (Marbo Product), Generali Osiguranje и други.
Пријавувањето за учество на форумот на комуникациски лидери – IZAZOV 2018 трае до 23 февруари, а бројот на места е ограничен. Повеќе информации пронајдете на сајтот: www.izazovforum.rs