Home » Во фокусот » „Трансплантација“ на облека во Јапонија ја подигнува свеста за донирање на органи

„Трансплантација“ на облека во Јапонија ја подигнува свеста за донирање на органи

Износената облека добива втор живот во оваа кампања на Dentsu во Јапонија

Донацијата на органи во Јапонија е помалку застапена отколку во многу други земји и сеуште постојат бројни табуа за оваа пракса. Минатата година се направени само 338 трансплантации, иако на листста на чекање има повеќе од 13 500 луѓе, според податоците на организацијата Organ Transplant Network во Јапонија.

Оваа нова кампања се обидува да се занимава со оваа тема на еден полесен, поедноставен начин, со цел луѓето да започнат да размислуваат за донирање на органите, без тоа да се прави толку радикално. Во оваа кампања, луѓето ги праќаат своите парчиња облека кои се износени, но омилени, за да ги „вратат во живот“, со помош на делови од материјали позајмени од друга облека. Резултатите се шарени. Така, едноставна тексас кошула може да заврши со ракав со цветни елементи, а секое ново парче облека има етикета на која пишува: „My Heart is With Second Life Fashion“. Услугата е бесплатна, а се прифаќаат барања од цел свет.

За оваа кампања, групата која се занимава со донација на органи, Green Ribbon Project Committee, се здружи со трговската марка Sogo & Seibu Co., заедно со двајцата креативни директори на Dentsu, Акира Сузуки и Того Кида.

Претходно тие двајца работеа на кампањата Second Life Toys, за да се подигне свеста за недостаток на донатори на органи за деца. Во таа кампања, истрошени плишани играчки се заменети со делови од други плишани играчки, со многу шармантни резултати.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365