Колку пати сте си рекле: „Ќе почнам да трчам следната недела“? Колку пати сте сакале да истраете во таа одлука, а потоа поради некоја причина сте ја изгубиле мотивацијата и не сте го направиле ниту првиот чекор?
Сигурно имате приоритетни задачи, токму затоа Skopje City Mall реши да создаде бесплатна уникатна програма за рекреативци и идни љубители на трачањето со цел да им даде дополнителна инспирација и причина конечно да истраат во својата одлука.
„Skopje City Running Club“ е бесплатна програма за трчање која е наменета за почетници во трчање, кои се уште не ја пробале оваа рекреативно-атлетска дисциплина, но и за напредни трчачи кои практикуваат некои од рекреативните спортови или имаат трки со трчање од 5, 10 километри, дури и полумаратон, но со свое темпо. „Skopje City Running Club“ е тука да од нив направи активни трчачи!
Тренингот ќе се одржува секоја сабота во различно време, а собирот е на платото пред Скопје Сити Мол. Првиот тренинг е во сабота 01.04. со почеток во 10:00 часот.
Оваа уникатна програма за трчање „Skopje City Running Club“ ќе ја води нашиот славен спортист Кокан Ајановски, учесник на многу натпревари и маратони во Македонија и во странство кој е и креатор на оваа програма за трчање и кој директно ќе ги менторира и води сите учесници во нивниот развој. Во ова тој ќе има поддршка од професионални тренери со повеќе годишно искуство во работа со спортски клубови.
Но, тоа не е сè што ја прави оваа програма уникатна! Со вклучување во програмата за трчање „Skopje City Running Club“, учесниците автоматски стануваат членови на клубот за лојалност „Skopje City Mall Runners“, што ќе им овозможи да добијат дополнителни попусти при купување во трговскиот центар, на асортиман на спортска опрема и додатоци. Исто така, за првите 50 пријавени учесници Skopje City Mall подготви специјални спортски маици и шишиња со вода, со цел да им ги олесни подготовките за тренинзи на стартот.
ЗА ПРОГРАМАТА
Програмата за трчање „Skopje City Running Club“ е групна програма за вежбање на отворено, достапна за сите од 16 до 65 години (за малолетници е потребна согласност од родител). Обуките се одржуваат во времетраење од 45 до 90 минути, во зависност од категоријата и по дефинирана рута од Skopje City Mall до одредена точка и назад до Skopje City Mall. Самиот тренинг започнува со загревање на платото пред Skopje City Mall, по што се започнува со трчање, а завршува со истегнување на почетната локација. На овој начин учесниците добиваат сеопфатна програма преку која ќе развијат здрави навики кои ќе им помогнат да ја зајакнат и подобрат својата физичка форма и здравје воопшто, а исто така одлично ќе се забавуваат во друштво на луѓе со слични интереси.
За учество во програмата „Skopje City Running Club“ може да се пријавите на инфо пулт и на лице место пред тренингот.
Кокан Ајановски (1982) е основач на клубот AKKA Run Club, инструктор маратонец, повеќе од 20 пати државен првак на Македонија во повеќе атлетски дисциплини (полу маратон, 10 000 м, 5 000 м, планинско и крос-кантри трчање). Има повеке од 30 настапи за атлетската репрезентација на Македонија. Најзначајни интернационални успеси има остварено на балканските првенства (бронзен медал поединечно во маратон и бронзен медал екипно во крос-кантри натпреварување), а има учествувано и на многу меѓународни натпреварува (европски олимписки игри, светско првенство во полу маратон, европски првенства во крос-кантри, светски и европски првенства во планинско трчање).