Ребрендирањето на брендовите секогаш предизвикува силни реакции кај јавноста. Понекогаш луѓето го сакаат новиот изглед на нивните омилени брендови, но уште почести се случаите на негодување кога луѓето не сакаат да го напуштат она што им е веќе добро познато. Во други случаи пак, новиот изглед на некои брендови е едноставно лош. Но, што ако тоа е намерно?
Дизајнерката Емили Зигај се реши за една комична серија на ТикТок видеа каде ги презентира своите свесно лоши нови логоа на познати светски брендови. „Јас дипломирав од колеџ со диплома во дизајн и редизајнирав некои популарни логоа за кои мислам дека сите можеме да се согласиме дека се грди“ – посочи Емили во своето воведно видео, проследувајќи ги логоата на опфатените брендови со хумористични коментари.
@emilyzugayPutting my degree to use♬ original sound – Emily’sTikTok.edu
Катастрофално лошите логоа на Емили добија толку многу позитивни реакции од публиката за својот хумор, што дел од брендовите дури и ги прифатија и поставија како профилни слики на самите нивни профили, а други си направија нарачки за слични.
The Washington Post, Tinder, NASCAR, Tampax, Detroit Lions и самиот TikTok, се меѓу брендовите кои ги инкорпорираа лошите логоа во својот имиџ на социјалната мрежа за кратки видеа. Некои дури и си ги променија имињата, додавајќи печатни грешки за изгледот да биде комплетен.
Дури и Adobe, компанијата за софтвер која е главен избор на многу графични дизајнери, си нарачаа ново лого од Емили, кое допрва треба да го „краси“ нивниот ТикТок профил.