Брендот за брза храна KFC се обидува да го наметне похованото пилешко како соодветен оброк за доручек на пазарот во Јужна Африка, и тоа со помош на јужноафриканскиот комичар со светска слава, Тревор Ноа, во главната улога.
Во централниот спот на камањата гледаме како Ноа снима видео со кое сака да ја објасни најголемата „теорија на заговор“ во светот, според која луѓето отсекогаш и постојано јаделе пилешко. Меѓутоа, во одреден момент од историјата, прехрамбената индустрија се здружила за да наметне други алтернативи за доручек, како житарици, сланина, јајца итн.
На крајот од своето „експозе“, комичарот ги повикува луѓето да се приклучат на „револуцијата“, да се спротивстават на „модерните“ трендови и да се навратат на вистинскиот избор – пилешко за доручек!
Хумористичнио спот завршува со сцена во ресторан на KFC, каде Ноа се обидува да му ја објасни својата теорија на својот пријател, кој воопшто не му верува, но се согласува за едно нешто – навистина е вкусно да се јаде пилешко за доручек. :)
Кампањата е созадена со помош на креативната агенција Ogilvy South Africa и продукциската компанија Darling.