Home » Во фокусот » Три бугарски телевизии влегоа во македонскиот етер

Три бугарски телевизии влегоа во македонскиот етер

Три бугарски телевизии, со различна програмска содржина, вести, туризам и подобрување на животот, од денеска, се присутни во македонскиот медиумски простор. Дозволата за емитување во земјава ја добиле пред две недели, а во моментов може да се гледаат на територијата на Општина Струмица преку кабелскиот оператор Нет кабел. Во преговори се и со останатите локални кабелски оператори за емитување преку нивната мрежа на територијата на целата држава.

Се работи за ТВ Европа, првата бугарска телевизија за вести, Велнес ТВ, првата бугарска и европска велнес-телевизија посветена на спорт, здрава исхрана и развојот на децата и ТВ Туризам, телевизија која нуди информации за туристичките понуди и дестинации.

Во телевизијата ТВ Европа работат околу 100 лица и има од 20 до 25 дописници од Бугарија и 10 од Европа. Се емитува преку кабелски оператори и преку сателит. Во моментов телевизијата ја следат од 600 до 700 илјади гледачи во Бугарија, а визија им е да достигнат до еден милион и се надеваат дека присуството во македонскиот етер ќе им помогне во тоа. Во скоро време планираат да отворат и студио во Скопје.

Телевизијата ТВ Велнес постои од 2015 година и емитува програма во Бугарија, Хрватска и Украина, а од неодамна и во Македонија.

ТВ Туризам веќе 10 години постои во бугарскиот медиумски простор и обезбедува информации за сите видови на туристички услуги и ги промовира новитетите во областа на туризмот во Бугарија и во светот. Телевизијата нуди над 50.000 часови документарна програма за повеќе од 10.000 туристички локации и дестинации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365