Interactive Advertising Bureau (IAB) ја објави листата на кампањи за десетгодишнината од доделувањето на IABMIXX наградите. Листата опфаќа 120 кампањи кои претставуваат спој на иновација, фантазија и остварени резултати, во категории како што се брендирана содржина, интерактивен видео формат и креативни решенија засновани на податоци за потрошувачите.
“Овие кандидати се пример на нов вид дигитално огласување која ги обединува уметничкиот израз, интеракцијата со потрошувачите и содаржајниот storytelling”, изјави Дејвид Доти, потпретседател и маркетинг директор на IAB.
Native advertising-от е во голем пораст, со очекуван раст од 22% во текот на оваа година. Мобилниот маркетинг истотака бележи значаен раст, додека приходот од видео огласувањето достигна 2,8 милијарди долари.Но,постојат и неколку категории кои не се вклучени во листата на трендови за 2014 годинина, а од кои се очекува значаен раст.
Тоа се:
Programmatic – автоматизирана продажба на дигитален огласувачки простор
Според скорешно истражување, скоро две третини од маркетиншките експерти во Америка планираат двојно да ја зголемат потрошувачката на programmatic огласувањето во наредните година дена. Четвртина од нив очекуваат дека ќе инвестираат 80% од својот буџет на автоматизиран закуп на медиумски простор. Автоматизацијата која овозможува programmatic закуп на медиумски простор им овозможува на маркетерите да користат податоци за потрошувачите така што на најдобар начин би ги креирале, оптимизирале и таргетирале своите огласи низ дигиталните медиумски канали.
Real-time marketing
Прочуениот Ореов пример на Super Bowl твит е само почеток на овој тренд во social media маркетингот. Real-time маркетингот се заснова на мобилно огласување кое користи GPS технологија како би доставил локациски базирани огласи во кампањите актуелни за публиката на одреден бренд.
Брендирана интерактивна содржина
Native огласите се адверторијали кои имаат повеќе заеднички работи со издавачки содржини отколку со самото огласување, со таа разлика што се спонзорирани. Издавачи како што се The Huffington Post и BuzzFeeder се’ повеќе од своите содржини ги прават интерактивни. Како уредничките содржини на интернет се’ повеќе стануваат специфички заради природата на опкружувањето, така и спонзорираните дигитални содржини се’ повеќе мора да ја ангажираат публиката. Native огласите и онака се натпреваруваат со редовните едиторијали за вниманието на онлајн посетителите, така да интерактивноста ќе биде пресудна особина која овие два типа на содржини ќе ги изедначи по значење.
Преземено од: Маркетинг Мрежа