Претседателот на САД, Доналд Трамп, планира формирање на официјална комисија или панел чија задача ќе биде да го разгледува наводното систематско фаворизирање на одредени политички идеи на социјалните мрежи, известува The Wall Street Journal според извори од Белата Куќа.
Имено, веќе долго време конзервативната политичка струја во САД ги обвинува големите технолошки компании дека намерно ги задушуваат конзервативните мислења на социјалните мрежи, односно дека ги фаворизираат левичарските и либерални политички идеи.
Претседателот Трамп воопшто не го крие своето незадоволство од начинот на кој технолошките компании ги регулираат социјалните мрежи, истакнувајќи порано во текот на месецов (и тоа токму на Твитер) дека: „Радикалната левица има тотална команда и контрола врз Фејсбук, Инстаграм, Твитер и Гугл“.
The Radical Left is in total command & control of Facebook, Instagram, Twitter and Google. The Administration is working to remedy this illegal situation. Stay tuned, and send names & events. Thank you Michelle! https://t.co/ZQfcfD3Hk9
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) May 16, 2020
Доколку се докаже ваквото обвинување за точно, тоа би значело кршење на првиот амандман за слобода на говорот од Уставот на САД и правни репрекусии против технолошките гиганти.