Home » Во фокусот » Туристичка кампања што трансформира расистичка навреда и му дава позитивна конотација

Туристичка кампања што трансформира расистичка навреда и му дава позитивна конотација

Туристичката агенција „Black and Abroad“, чија таргетирана публика се луѓето со црна боја на кожата, ја искористи расистичката фраза „Врати се во Африка“ (“Go back to Africa”) во својата нова адвертајзинг кампања, давајќи му нова, позитивна конотација во насока на промоција на пан-Африканскиот туризам.

Главниот спот на кампањата, дело на агенцијата FCB/Six, започнува со неколку Твитер коментари кои ја користат фразата во расистички контекст, но потоа ја става во поинаква рамка на прекрасни сцени кои ја прикажуваат убавината и разноликоста на африканските земји.

„Една од целите на кампањата е ефикасно отстранување на моќта што ја има фразата употребена во расистичка конотација и да се демантира старата стереотипна наратива за Африка како пуста земја полна со болести која не го заслужува нашето време за одмор и патување. Сакаме да прикажеме една поинаквна слика за Африка од онаа што ја гледате во традиционалните туристички кампањи. Да, во Африка има зебри и зебрите се супер, но Африка има и одлични уметнички галерии, ресторани, плажи и многу други искуства,“ истакнува Ерик Мартин, соосновач на компанијата „Black & Abroad“.

Кампањата вклучува активности на Twitter, YouTube и дигитални outdoor реклами, кои ги насочуваат луѓето кон веб-сајтот GoBacktoAfrica.com.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365