Home » Во фокусот » ТВ индустрија во Р.Македонија – ТВ Сител со најголема гледаност и приходи од реклами

ТВ индустрија во Р.Македонија – ТВ Сител со најголема гледаност и приходи од реклами

Во истражувањето на Радиодифузната дејност за 2013 година, кое неодамна го објави Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во однос на резултатите и трендовите кои ги следат ТВ станиците во Република Македонија констатирани се следниве заклучоци:

Најгледана телевизија во 2013 година била ТВ Сител

62% од вкупната гледаност отпаѓала на телевизиите што емитуваат програма на државно ниво.

Најголемо учество во вкупната гледаност, од 28,60% имала ТВ Сител. Во 2013 година само првиот програмски сервис на Македонската телевизија – МРТ1 и ТВ Алфа имале поголемо учество во вкупната гледаност отколку во претходната година.

Klucni naodi vo TV industrijata | Marketing365

Клучни наоди во телевизиската индустрија за 2013 година

Вкупните приходи биле за 9,99% повисоки отколку во претходната година

Јавниот радиодифузен сервис и комерцијалните телевизии заеднички оствариле вкупни приходи во износ од 2.934,06 милиони денари. Во споредба со претходната година вкупните приходи во телевизиската индустрија биле повисоки за 9,99%. Дури 87,79% од овие средства биле вкупните приходи на Македонската телевизија и на петте комерцијални телевизии на државно ниво. Петте сателитски телевизии оствариле 3,02%, регионалните телевизии 6,64%, а локалните телевизии 2,55% од вкупните приходи во телевизиската индустрија.

Приходите од рекламирање пораснале за 6,55%

Од продажба на времето за рекламирање сите 65 телевизиски станици заеднички оствариле вкупно 1.574,81 милиони денари, односно за 6,55% повеќе отколку во претходната година. Повеќе од половината од овие средства ги оствариле само две телевизии (ТВ Сител и ТВ Канал 5). ТВ Сител остварила повеќе приходи од реклами отколку сите сателитски, регионални и локални телевизии заедно. Македонската телевизија остварила за 51,45% помалку приходи од рекламирање отколку во 2012 година, а комерцијалните телевизии за 8,76% повеќе.

Сите телевизиски станици заеднички потрошиле вкупно 2.671,21 милиони денари

Во 2013 година биле потрошени за 11,22% повеќе средства отколку во претходната година. Трошоците на Македонската телевизија претставувале 45,78% од вкупните трошоци во телевизиската индустрија. Највисоки трошоци од комерцијалните телевизии прикажале ТВ Сител (473,43 милиони денари) и ТВ Канал 5 (230,29 милиони денари). Најголем дел од трошоците на телевизиската индустрија биле директни трошоци за создавање на програмата, а највисоки од нив биле трошоците за набавка на програма.

Просечниот број на вработени во телевизиската индустрија изнесувал 1,502 лица

73% од вработените во телевизиската индустрија биле ангажирани во Македонската телевизија и во петте телевизии на државно ниво (нивниот број изнесувал вкупно 1101 лице, од кои 576 во јавниот сервис). Кај комерцијалните телевизиски станици просечниот број на вработени бил најголем кај ТВ Сител (135 лица) и ТВ Алфа (127 лица). Во петте сателитски телевизии биле вработени вкупно 124 лица, од кои повеќе од половината во 24 Вести (65 лица). Просечниот број на вработени кај регионалните телевизии изнесувал 168 лица, а кај локалните телевизии 109 лица.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365