Само една недела откако Твитер официјално поднесе тужба против Елон Маск поради повлекување од купопродажниот договор вреден 44 милијарди долари, овластен судија донел одлука дека судскиот процес ќе започне уште во октомври.
Според Твитер, Маск приредил спектакл со кој го нарушел угледот и влијаел врз вредноста на компанијата.
„Откако направи јавен спектакл за да го стави Твитер во игра, и откако предложи, а потоа потпиша купопродажен договор кој беше пријателски кон продавачот, Маск очигледно верува дека тој – за разлика од секоја друга страна што е предмет на законот за договори во Делавер – е слободен да го промени своето мислење, да ја зароби компанијата, да го наруши нејзиното работење, да ја уништи вредноста на акционерите и да си замине“ – напишаа Твитер во тужбата против Маск, поднесена до Канцеларискиот суд во сојузната американска држава Делавер.
Во меѓувреме, Елон Маск побарал судењето да биде одложено за почетокот на следната година, наводно поради сложената природа на случајот.
Меѓутоа, судот го отфрлил барањето на Маск и се согласил со Твитер дека секое одложување има потенцијал да нанесе поголема штета на компанијата. „Одложувањето се заканува со предивизкување непоправлива штета. Колку е подолго одложувањето, толку е поголем ризикот“, посочила судијката Кеталин Сент Џуд МекКормик.
Адвокатот на Маск, Ендрју Росман, тврди дека милјардерот „нема причина да го држи откупот да виси во воздух“, имајќи предвид дека тој останува еден од најголемите акционери во компанијата.
Се чини дека крајот на оваа деловна драма ќе потрае уште некое време.