Неодговорното однесување со онлајн објавите се чини дека доживува своја кулуминација во изминатиов период, па многу земји ширум светот наоѓаат различни начини како да се справуваат со тоа. Црна Гора деновиве отиде и чекор подалеку.
Полицијата во Подгорица ги уапси главните и одговорни уредници на црногорските портали „Борба“ и „ИН4С“ под сомнение дека извршиле кривично дело – предизвикување паника и немири.
Тие се товарат дека предизвикале паника во јавноста објавувајќи лажни вести со случувањата во „Вила Горица“ во Подгорица без да ги проверат информациите.
„Вилата Горица“ во Подгорица се користи за прием на високи гости и делегации од странство од страна на претседателот Мило Ѓукановиќ и Владата.
Во вилата вчера попладне се запали разводна кутија, но дефектот брзо беше саниран. „Борба“ и „ИН4С“ објавија дека во „Вила Горица“ се случила експлозија и оти на лице место се упатени противпожарна екипа и полиција.
Во Македонија од друга страна, сеуште се толерираат непрофесионални медиуми и истите се оставени под закрила на формите за саморегулација кои досега се покажуваат како неефикасни во насока на минимизирање на лажни вести и оркестрирано ширење на пропаганда.